Полицијата ги „чешла“ принцовите: Чарлс и Хари се под истрага!

1 min read

Откако британската полиција покрена истрага за добротворната фондација на принцот Чарлс, во која тој е претседател, но не е вклучен во нејзиното менаџирање, бидејќи незаконски му помагал на саудиски државјанин, на ред доаѓа и неговиот син, принцот Хари.

Тој може да биде сослушан како сведок затоа што го „издаде“  својот татко кога јавно изразил загриженост за саудискиот милијардер кој бил донатор на фондацијата.

Помошникот на Чарлс, Мајкл Фосет беше принуден да поднесе оставка како шеф на Фондацијата на принцот поради неговата улога во скандалот.

Минатата година во декември, Хари изјави дека „ги раскинал односите“ со  Мареи Мубарак бин Махфуз, една година пред принцот Чарлс илегално да му помогне на саудиски државјанин. Метрополитенската полиција сега го истражува целосниот случај, а следен за „чешлање“ е принцот Хари поради својата јавна загриженост за мотивите на бизнисменот. Ова го искоментирал откако се откри дека тој одржал приватен состанок со Махфуз, кој донирал преку десет илјади фунти во добротворни цели.

Милијардерот наводно донирал пари со надеж дека на тој начин ќе добие титула и британско државјанство. Досега, кралската добротворна фондација донирала преку 1, 5 милиони фунти, пренесе „Daily Mail“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франција: Инфлацијата во јануари се зголеми на 2,9 отсто

Следно

ТФТ го изненади Пелистер и обезбеди полуфинале во Купот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian