Петровиќ: Се што се договоривме, го испочитувавме

2 mins read

Екипата на Навико Академија ФМП втора година по ред ќе игра во полуфиналето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ откако во последниот четвртфинален натпревар со 91:88 го совладаа Еуро Никел 2005.
Тренерот на „академците“ Александар Петровиќ, очекувано е презадоволен од победата и пласманот во полуфиналето каде ги очекува пресметка со ТФТ.

– Ова беше тежок и неизвесен натпревар. Ние имавме контрола над резултатот во текот на целиот натпревар. Го контролиравме и скокот и мислам дека добро ги затворивме нивните високи играчи и тука ја гледам нашата победа. Тоа што се договоривме, го испочитувавме. Имавме мали киксови во одбраната, но најважно беше да го исконтролираме скокот, затоа што минатиот натпревар тие имаа 15 скока повеќе од нас. Сега ни следи меч со ТФТ, прво да преспиеме и да ги оладиме главите, а од утре ќе го ставиме целиот фокус на следниот ривал – изјави Петровиќ.

Очекувано, расположението во Еуро Никел 2005 кој минатата година играше во финалето, беше сосема спротивно.

– Како прво, честитки за Академија ФМП и среќа во понатамошниот настап. Ние одигравме еден слаб натпревар, нашите очекувања беа поголеми од овој пораз. Ние сме искусна екипа, но поранешните репрезентативци на Македонија се во одминати години и не може да очекуваме игри од нив како пред десетина години. Но, немаме време за изговори, не чека работа во пренството. Академија ФМП имаше повеќе желба, ние не ги искористивме нашите високи играчи за играта под кош, беа поагресивни и нивните бекови и тука ја гледам причината за пораз. Ајви и Крстајиќ се играчи кои мораше да ги стопираме, им оставивме простор и тие го искористија – изјави Горан Самарџиев, тренерот на Еуро Никел 2005.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Ова не си ти“: Неверојатна транформација со шминка, луѓето не ѝ веруваат дека е истата личност

Следно

Пресврт: Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на Вимблдон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian