ЈП „Лајка” во сабота организира отворен ден за вдомување на кучиња

1 min read

ЈП „Лајка“ утре, сабота, од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.

На отворениот ден во ЈП „Лајка“ се поканети и сите граѓани кои сакаат да донираат за да се подобрат условите во прифатилиштето за кучиња. Добредојдени се донации во форма на храна и средства за хигиена.

Граѓаните кои планираат или размислуваат да вдомат куче и сакаат својот миленик да го изберат од прифатилиштето на Лајка, ќе имаат можност на отворениот ден да се подружат со кучињата за кои се заинтересирани, да добијат детални информации за секое од нив, како и за процесот на вдомување.

-Дојдете во ЈП „Лајка“ да покажеме дека во Скопје постојат позитивни примери на граѓани, вистински љубители на кучиња кои се грижат и придонесуваат за подобрување на состојбата во која се наоѓаат овие бездомни животни, стои во поканата од Лајка. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Здравковски: Владата на Ковачевски е во слободен пад, покачувањето на минималната плата е чиста популистичка мерка

Следно

Украинската криза ќе биде главна тема на Минхенската безбедносна конференција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian