Ковачевски – Петков: Дијалогот носи решенија за заедничка европска иднина

1 min read

На маргините на Минхенската безбедносна конференција, во тек е средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков.

На средбата во насока на продолжување на политичкиот дијалог воспоставен меѓу двете Влади присуствуваат и заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Присутните изразија задоволство од процесот на динамизирање на билатералната соработка преку реализацијата на концептот на работни групи и конкретните активности и предлози кои до сега произлегоа од нивната работа.

Двајцата премиери ја оценуваат како позитивна работата на експертските групи и остварената непосредната комуникација и секторската соработка како ефективен метод за продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог, и изразија надеж дека соработката и дијалогот носат најголеми придобивки за граѓаните и водат до решенија и до заедничка европска иднина.

kurir.mk

Претходно

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ е против законот, затоа што во него нема повисоки плати за наставниците

Следно

Загина српскиот амбасадор во Португалија, паднал од карпа или се самоубил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian