Каролина, Ламбе и Виктор ќе пеат на концертот посветен на Тоше и Аки во Битола

2 mins read

Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева, Александар Тарабунов, Виктор Апостоловски, Јана Бурчевска, Димитар Андоновски и Александра Јаневска ќе пеат на концертот насловен „Засекогаш во срцата“ посветен на починатите музички великани Тоше Проески и Аки Рахимовски. Во организација на Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола, ќе се одржат два концерти на 18 и 19 февруари.

На сцената ќе бидат придружувани од хорот на Државното музичко училиште од Битола, а диригент на Камерниот оркестар Битола е Владимир Димовски.

Со концертот ќе им се оддаде почит на двајцата незаменливи пејачи кои повеќе не се меѓу нас – македонскиот славеј Тоше Проески и легендарниот пејач на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски, а кои зад себе оставија огромно музичко наследство – евергрини по кои ќе ги паметиме и славиме.

И двајцата музичари, уникатни во своето музичко битисување, живееја за музиката, сцената, публиката…

Зад Аки Рахимовски остана повеќедецениска блескава музичка кариера, пред сѐ, пејачка, а неговите колеги тврдат дека неговото заминување е „удар на рокенролот од регионални размери“.

Нашиот непрежален Тоше, кој имаше блескава музичка кариера, во земјата, на Балканот и пошироко, остави огромна празнина и во музиката и во срцата на милиони обожаватели на неговиот лик и дело. Песните што Тоше им ги пееше на луѓето се саундтрак на животот.

Капацитетот на салата заради здравствените протоколи е 400 седишта и за влез е потребен сертификат за вакцинација.

ФОТО | Центар за култура Битола со убава вест: Концерт посветен на великаните Тоше Проески и Аки Рахимовски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинската криза ќе биде главна тема на Минхенската безбедносна конференција

Следно

ВИДЕО: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со закани за физичко насилство го блокираат растот на платите за наставниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian