Канада ја одобри Новавакс вакцината за лица над 18 години

1 min read

Канада ја одобри вакцината на американската фармацевска компанија Новавакс за лица над 18 години, што е петта вакцина против Ковид-19 одобрена во оваа земја.

Безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина кај лицата под 18 години се уште не се потврдени, прецизирано е во соопштението на канадските здравствени власти, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, се рбаоти за протеинска вакцина направена според старата технологија која со години се користи за производство на други вакцини.

Во Канада околу 80 проценти од граѓаните се вакцинирани со две дози, а над 40 отсто со трета или бустер вакцина.

kurir.mk

Претходно

Пожар на траект што пловел од Грција за Италија со над 250 патници

Следно

Дневен хороскоп за 18 февруари: Потпрете се на вашите чувства кога решавате дилеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian