Изгаснат пожарот во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во Белград, нема повредени

1 min read

 Пожарникари во Белград го локализирале пожарот што околу 14 часот избувнал во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во населбата Сењак.

Во интервенцијата учествуваа 21 пожарникар со шест противпожарни возила.

Министерството за внатрешни работи потврди дека во пожарот нема повредени.

Амбасадорот Хидајет Бишчевиќ потврди дека во резиденцијата во моментот на пожарот немало никој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маж физички ја нападнал сопругата додека била на работа

Следно

Партијата на Петков со најдобар рејтинг кај гласачите во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian