„Градски паркинг“ со санкции за 80 непрописно паркирани возила

1 min read

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 80 возила од јавни површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција,  по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата кое може да се изврши преку СМС порака или со картичка.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Арсовски: Молкот на СДСМ за криминалот на Јованоски од Прилеп е потврда за криминалот кој го сторил

Следно

Дачиќ го обелодени планот за признавње на Косово- „Кога врбата ќе роди грозје“ го информорал Ескобар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian