ФОТО+ВИДЕО | Се сеќавате на Хагрид од Хари Потер? Денес живее повлечен живот, еве како изгледа

2 mins read

Додека ѕвездите на Хари Потер уживаат во огромната заработка што им ја донесе франшизата и многумина изградија многу успешни кариери, актерот Роби Колтрејн се повлече од очите на јавноста и се пресели на ридовите во близина на Глазгов. 71-годишниот актер живее во изнајмена и пренаменета штала која ја плаќа 1.000 фунти месечно, пишува „Radar“.

Пријателите и соседите кои повремено го гледале Колтрејн рекле дека тој станал затвореник на сопствениот дом и боледувал од остеоартритис и веќе пет години е во инвалидска количка.

Неговиот најблизок сосед и сопственик на шталата, 50-годишниот Ендрју Едмонстон, братучед на Камила, војвотката од Корнвол, вели дека не го видел Колтрејн четири години.

„Повлечен е дефинитивно зборот што би го употребил за да го опишам Роби. Тој е наш сосед и всушност неговата штала е блиску до нашите 11 фарми, но тој со години нема ни с од сосед. Пред многу години се гледавме на приватни вечери, но тоа сега престана“, изјави Едмонстон.

„Тој едноставно не сака повеќе да биде дел од заедницата. Целосно се оддалечи. Тоа е многу тажно. За жал, не е многу среќен човек. Секогаш кога сме домаќини на хуманитарна акција го покануваме. Неговото име е секогаш на списокот, но одговорот што секогаш го добиваме е не“, објаснил Едмонстон.

Во неговите помлади денови, Колтрејн бил познат по својата зависност од алкохол и „дивеење“, но сето тоа се променило кога ја запознал Рон Гемел со која има две деца. Двојката се разведе во 2003 година, а минатата година актерот изјави дека има девојка во последните 12 години.

Неговиот прв успех во кариерата дојде во британската крими-драма серија „Cracker“, но неговиот најголем успех беше улогата на Хагрид. Поради лошата здравствена состојба, верните фанови на Хари Потер беа длабоко изненадени што актерот сепак се појави на 20-годишнината од првиот филм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Драматично спасување: Извлечени двете лица заглавени на траектот кај Крф, се бараат уште 11 исчезнати

Следно

ВИДЕО: Голман во Грција како легендарниот Чилаверт, даде три гола на натпревар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian