ФОТО+ВИДЕО | Никол Кидман повторно мета на критики: Ова не е твоето тело, зошто толку фотошоп?

1 min read

На интернет постојано се коментираат новите фотографии на актерката Никол Кидман, објавени во магазинот „Vanity Fair“. Обожавателите на 54-годишната актерка се шокирани од фотографиите на кои Кидман изгледа речиси непрепознатливо.

Никол позира во секси комбинација од модниот бренд „Miu Miu“ истакнувајќи ја завидната линија, голиот стомак и витките нозе. Иако актерката на фотографиите го одзема здивот, многу обожаватели веднаш забележаа дека фотографиите се фотошопирани.

„Никол има одлично тело, но тоа не е нејзиното тело. Нејзината фигура воопшто не изгледа така. Зошто ја фотошопирале?“, „Вознемирен сум од количината на фотошоп на фотографијата“, „Кој дел од убавото тело на Никол Кидман ќе го фотошопираме оваа година за да покажеме непочитување кон неа?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Некои ја пофалија актерката и нејзиниот неверојатен изглед. Од друга страна го критикуваа изборот на облека.

„Кој ја облече така?“, „Таа е успешна актерка номинирана за Оскар. Зошто е облечена како ученичка? Не разбирам“, се дел од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брижит Макрон тужи две жени кои ширеле информации дека е родена како машко

Следно

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат новиот министер да го ревидира предлогот за измени на Законот за наставници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian