Електронските услуги на ЈП Водовод и канализација-Скопје утре во прекин

1 min read

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје, дека поради планирана системска интервенција, електронските услуги кои ги нуди претпријатието, како и телефонската комуникација кон Дежурно Информативниот Центар ќе бидат во прекин утре, сабота 19.02.2022 со почеток од 14:00 до 15:30.

За сите потребни информации корисниците ќе можат да се обратат на контакт телефонот 072 304 269, кој ќе биде во функција во овој временски интервал, информираа од претпријатието. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Во извештајот за сообраќајката кај „Сити мол“ ЈО го заборави овој важен член од ЗКП?

Следно

Израел во време на пандемија со највисока стапка на економски раст во последните 21 година и во светски рамки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian