„Ќе добиев срцев удар“: Скопјани протестираа поради енормно големите сметки за струја

2 mins read

Група жители на Скопје денеска пред пунктот на ЕВН во Аеродром го изразија својот револт од, како што велат, неразумно високите сметки за струја. Тие велат дека дури и на оние што не се греат на струја, сметките им се повисоки од месечните примања, објави ТВ21.

„Излегов на протест денеска, бидејќи ми дојде сметка 39.000 денари. За декември ми дојде 34.500. Нека ми каже премиерот како јас да ја платам сметката за струја кога земам минималец 18.000 денари. Нека ми каже и ќе ја платам“.

„Сама живеам со 14.000 пензија, 7.000 струја што не е потрошена. Не се греам на струја, на плинска печка се греам, на плин готвам, едно кафе не варам на струја. Кафе, чај на плин готвам и сијалиците трчам ги гасам во темница седам, да не трошам струја зошто слушам на ТВ да се штеди, да се штеди, штедам максимално. И кога дојде сметката, ќе добиев срцев удар“, вели една жена која учествуваше на денешниот протест.

Од ЕВН велат дека сметките за струја во зимскиот период се повисоки од другите месеци, бидејќи дел од граѓаните немаат друга опција за греење. Во Скопскиот регион регистрирана е зголемена потрошувачка на струја. Зголемувањето на цената, според компанијата, игра минимална улога.

„Во некои од прашањата на корисниците за сметките се утврди дека во најголемиот дел се работи за точно потрошени киловат-часови колку што е во сметката, а во некои случаи стануваше збор за проценета вредност поради непрочитано броило или порамнување од претходно непрочитан период. Корисниците во приемните канцеларии чекаат во зависност од барањето кое го поднесуваат“, велат од ЕВН.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Голман во Грција како легендарниот Чилаверт, даде три гола на натпревар

Следно

ФОТО | Моделот Карен Мулдер била „плен“ на многу мажи: Своевремено го обвини и принцот Алберт за силување!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian