Денеска прва средба на Ковачевски со Мицотакис во Минхен

1 min read

Премиерите на Македонија и Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис попладне ќе имаат средба во Минхен на маргините на Конференцијата за безбедност, што впрочем ќе биде и прва нивна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис во текот на денешниот ден ќе оствари низа средби меѓу кои и со премиерите на Македонија и на Албанија, со претседателката на Косово, со вицепремиерот на Израел итн.

Владината делегација на Македонија на 58-та Минхенска конференција за безбедност што ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, ја сочинуваат заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Од прес службата на Владата соопштија дека за време на тридневната работа на конференцијата ќе учествуваат на повеќе централни и придружни настани во рамките на конференциската агенда, како и на повеќе заеднички и одделни билатерални средби.

Ковачевски и Мицотакис, на 31 јануари имаа телефонскиот разговор, а според соопштенијата од нивните кабинети, двајцата премиери се согласиле дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството, ја констатирале взаемната волја за зајакнување на билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор и се договориле да се сретнат на маргините на Делфи Форумот во Грција на почетокот на април.

Сепак, нивната прва билатерална средба, доаѓа речиси два месеца порано.

kurir.mk

Претходно

Отворени врати за автократот: Шефот на Минхенската безбедносна конференција лобирал за Груевски

Следно

Општина Карпош и ЈП Комунална хигиена-Скопје се договорија заеднички и координирано да ја одржуваат хигиената

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian