Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните, света Агатија беше фатена и изведена пред судијата Квинтијан. Тој кога ја виде прекрасна на лице, посака да ја има за жена. Но штом ѝ предложи, Агатија му одговори дека таа е невеста Христова и дека не може да го изневери својот вереник. Судијата ја подложи на тешки маки. Ја биеја, ја исмеваа врзана за едно дрво и ја тепаа до крв. Потоа Квинтијан повторно ја посоветува да се одрече од Христа и да ги избегне натамошните маки, но на ова невестата Христова му одговори: „Овие маки се многу корисни за мене. Како што пченицата не може да влезе во амбарот пред да се очисти од плевата така ни мојата душа не може да влезе во Рајот ако најнапред телото не е скрушено со маки“. Тогаш мачителот нареди и ѝ ги отсекоа градите, па потоа ја фрлија во затвор. Во затворот ѝ се јави апостолот Петар и ѝ го врати целото здравје на телото. Повторно ја изведоа на мачење и повторно ја фрлија во затвор, каде што Му ја предаде својата душа на Бога, во 251 година, во градот Катана, а во времето на царот Декиј. После смртта на Агатија нејзиниот мачител Квинтијан појде да го приграби нејзиниот имот, но по патот се разбеснеа коњите што ги јаваа тој и војниците, па сиот го изгризаа по лицето, го фрлија на земја и го изгазија со нозете до смрт. Толку брзо го стигна казната од Бога за дивото злосторство над светата Агатија.
Latest from Blog
Бугарското претседателство со Парламентарниот формат на Централноевропската иницијатива го осудув грубото кршење на суверенитетот и територијалниот
Американскиот претседател Џо Бајден денеска остро го осуди „отровот“ на белиот супрематизам и сите оние кои
Сообраќајот кон граничниот премин Блаце се одвива со наизменично пропуштање на возила, поради одронот кој се
Астрологијата иако псевдо наука често е многу точна, а ако не е, е многу забавна. Влијае
Првиот носител на АТП турнирот во Женева, Данил Медведев доживеа пораз на стартот од Французинот Ришар