Дачиќ го обелодени планот за признавње на Косово- „Кога врбата ќе роди грозје“ го информорал Ескобар

2 mins read

Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ утрово како гостин на српската телевизија Курир испрати порака до американските власти, а во врска со изјавата на Габриел Ескобар, специјален пратеник на САД за Западен Балкан дека очекува „Косово да добие признание од Србија“.

– Темата за Косово и Метохија ја вративме на дневен ред. Точно 100 земји не го признаваат т.н Косово во Обединетите нации, значи 100 од 193. Немаат веќе мнозинство, имаа 110, сето тоа го намаливме. А оваа 93 не е тоа, ги има помалку. Таканаречената државност на Косово, која тие ја прогласија, е во лесно изумирање и исчезнување. Не знам што со нетрпение чекаат. Поминаа 14 години, не добија меѓународно признание, многу земји се откажуваат, младите си заминуваат – рече Дачиќ во утринската програма на српската телевизија Курир.

Дачиќ се осврна на неодамнешната средба со американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар.

– Задоволен сум од разговорот со Ескобар. Изјавите се различни кога се даваат во Белград, Вашингтон или Приштина. Таа изјава на Габриел Ескобар беше дадена за американски уши – изјави Дачиќ.

Водителот го праша Ивица Дачиќ што мисли за изјавите на Ескобар дека Америка очекува „Косово да добие признание“ од Србија, а Дачиќ имаше посебен одговор:

– Знаете, постои една стара поговорка: „Ad calendas Graecas“. Тоа значи, да преведеме на српски „Кога врбата ќе роди грозје“. Но, не знам како некој воопшто може да очекува тоа од Србија да го направи. Нема причина Србија да размислува за тоа – изјави Дачиќ.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Градски паркинг“ со санкции за 80 непрописно паркирани возила

Следно

ФОТО | Бритни Спирс ја поканија во Конгресот: Поласкана сум што можам да раскажам сè!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian