Бурно е во соблекувалната на Јунајтед, Роналдо му ја „краде“капитенската лента на Мегваер

1 min read

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник си создаде нов проблем во соблекувалната откако предложи замена на капитенот за вториот дел од сезоната и според која лидер на „црвените ѓаволи“ треба да биде Кристијано Роналдо.

Игрите на Манчестер јунајтед се далеку од очекуваните иако екипата е полна со ѕвезди и со талентирани фудбалери, „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 45 бода, но до крајот на сезоната ги очекува тешка битка за пласма во Лигата на шампионите, додека шансите за титулата се еднакви на нула.

Промените кои Рангник ги направи по доаѓањето на местото на Оле Гунар Солскјер не вродија со плод, а како една од главните причини за тоа е недостатокот на вистински лидер на теренот.

Поради тоа Рангник одржал состанок со капитенот Хари Мегваер и првата ѕвезда на екипата Кристијано Роналдо на кој им кажал дека сака капитенската лента до крајот на сезоната да ја презеде Португалецот.

Идејата на Рангник кој на крајот од сезоната ќе го напушти тренерското столче и ќе биде директор во Јунајтед, е Роналдо да биде тутор на младите фудбалери. Оваа одлука наводно не му се допаднала на Мегваер кој според весникот „Мирор“ реагирал нервозно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еве што се случува кога ќе запалите жалфија или темјан во вашиот дом: Овој ритуал го „чисти“ просторот

Следно

Матичните лекари го запреа протестот: Министерството да ги исполни барањата или одиме на план Б

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian