Арсовски: Матичните лекари работат одговорна работа, треба да им се исполнат барањата во однос на капитацијата

2 mins read

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија за денешниот протестот на матичните лекари вели дека има сериозен проблем бидејќи не им се исплатени капитациите, а се соочуваат со зголемени сметки за струја и здравствени материјали за работа.

Во однос на нивните барања, гледаме дека се сериозни, вклучително како прво и најосновно капитација која што во моментот е 65 денари и самите тие потенцираат дека практично работат за нерентабилни суми имајќи во предвид дека изминатите две три години тие се на првата борбена линија со пандемијата. Оттука смета дека треба да им се исполни барањето во однос на капитацијата бидејќи ако земам во предвид од она што може да го разговарам со голем дел од матичните лекар само сметките за струја о нивните матични ординации кои што ги водат се покачени за некаде од четири до пет, а можеби шест пати повеќе во однос на цените на струја, или од 5.000 денари од 25.000 или 30.000 денари, рече тој.

Исто така би потенцирал дека и основните работи кои што им се потребни за тие матични амбуланти исто так се покачени цените на ракавици и ако биле од пред две до три години половина денар, сега се по пет до 6 денари, не знам точно колкави се цените. Така да очигледно е дека тие луѓе живеат на работ на егзистенцијата. Да имаме во предвид дека има матичниот лекари во помали места каде што и да сакаат не може да имаат повеќе пациенти за да имаа повеќе капитација од државата. Малку е потценувачки самите матични лекари кои што навистина имаат премногу одговорна работа во дадени моменти преживуваат од месец за месец со минимална плата, потенцираше тој.

И третата работа за кои што на некој начин се лути тоа е што некогаш како во моментот од две до три фактури не им се исплатени капитација од ФЗО, додаде Арсовски.

kurir.mk

Претходно

Сите криминали на ВМРО-ДПМНЕ се потврдени со судски пресуди, вели Кузеска од СДСМ

Следно

Просечната плата во Хрватска лани во декември 965 евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian