Замина „бомбашот на бонбони“: Почина Гејл С. Халворсен на 101-годишна возраст

1 min read

На 101-годишна возраст почина Гејл С. Халворсен, американскиот воен пилот кој за време на Берлинскиот воздушен мост во 1948 година фрлал бонбони од неговиот авион за децата во Западен Берлин. Со ова дело „бомбашот на бонбони“ стекнал светска слава и вечна благодарност од страна на германскиот народ.

Како што известиле од неговата фондација, Халворсен „починал мирно и опкружен со членови на неговото семејство“.

Кога Советскиот Сојуз ги блокирал сите пристапи до Западен Берлин во јуни 1948 година, стотици американски и британски авиони секојдневно прелетувале преку небото, носејќи залихи храна до аеродромот Темпелхоф. Овие херои ќе останат запаметени како „бомбашите со бонбони“.

Еден од нив бил и Гејл С. Халворсен, воен пилот кој презел безброј мисии сѐ до крајот на Берлинската блокада, во мај 1949. Покрај залихите храна, тој им фрлал и бонбони на децата. Идејата ја добил кога триесет деца, кои стоеле зад бодликавата жица на аеродромот Темпелхоф, му побарале чоколадо, но тој имал само две гуми за џвакање во неговиот џеб. Не знаејќи што да прави, тој ги поделил гумите за џвакање на четири парчиња и ги разделил на децата. Во таа прилика, тој им ветил дека наредниот пат ќе има доволно за сите.

За неколку месеци, Халворсен и другите пилоти исфрлиле повеќе од 23 тони чоколади и бонбони од авионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еврејската група која се наоѓа во Скопје: Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола! (ВИДЕО)

Следно

ВИДЕО: Наполи ремизираше со Барса, Николов и Шериф ја урнаа Брага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian