Македонската кошаркарска федерација денеска објави упатство за следење на натпреварите од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2022.
Федерацијата ја информира јавноста дека влезот, за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, ќе биде СЛОБОДЕН.
Поради актуелните здравствени прописи кои важат во нашата земја, капацитетот на салата во СРЦ „Кале“ – Скопје, каде ќе се играат натпреварите, е ограничен на 50%. По пополнување на предвидениот капацитет, салата ќе биде затворена.
Според протоколите за заштита од ковид-19, влез ќе им биде дозволен само на лицата кои ќе имаат:
* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2,
*сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните шест месеци, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст
*Во салата не е дозволено да не се внесуваат навивачки реквизити, посетителите да се придржувате до препорачаните мерки, одржување на соодветна дистанца на седиштата. Задолжително е носење на маски во текот на натпреварите.
Куп, двојки (1/4 финале)
18. февруари (12.00 часот) Пелистер – ТФТ
18. февруари (14.30 часот) МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
18. февруари (17.00 часот) Работнички – Феникс 2010
18. февруари (19.30 часот) Навикоа Академија ФМП – Еуро Никел 2005