ВИДЕО | Украинската пејачка не оди на Евросонг, налутено порача: Не сакам да бидам дел од оваа валкана приказна!

3 mins read

По победата на Песна за Евровизија Видбир минатата сабота, 28-годишната украинска пејачка Алина Паш изјави дека е подготвена да ја претставува Украина на овогодинешниот Евросонг во Торино, Италија во мај.

Меѓутоа, во меѓувреме, работите се искомплицираа.

Нејзиното мислење, се чини, не го дели украинската национална јавна телевизија УА: ПБС, која го „суспендираше“ договорот според кој Паш требаше да отпатува во Италија.

Би-би-си наведува дека украинските власти во моментот го истражуваат нејзиното заминување на Крим во 2015 година, територија која во 2014 година беше припоена кон Руската Федерација по политичката криза во Украина.

– Веќе имаме толку многу проблеми. Пандемијата е еден од нив и сè уште е со нас. Дали ни треба војна згора на тоа? Дали се шегувате со мене? – изјави Паш за Би-би-си.

Кога вели војна, Паш, се разбира, мисли на тензиите на руско-украинската граница кои што може да ескалираат во вооружен конфликт.

Веста за нејзината посета на Крим дојде во време кога очите на целиот свет се насочени кон Украина поради можна руска инвазија, пренесуваат медиумите.

Сега, околу целата драма се огласи и самата Алина.

„Украинската пејачка Алина Паш нема да настапи на Евровизија“, се вели во новото соопштение. Сагата околу нејзината посета на Крим од 2015 година станала, вели таа, премногу за неа.

– Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна – рекла Алина откако официјални лица во Украина открија дека еден од членовите на нејзиниот тим фалсификувал документи за да, наводно, изгледало дека таа легално патувала.

– Јас сум државјанин на Украина. Ги следам законите на Украина. Се обидувам да ги пренесам традицијата и вредностите на Украина на светот. Она што е вклучено во оваа приказна воопшто не е она што јас го ставив во мојата песна – порачала таа и додала:

„Јас сум уметник, а не политичар. Јас немам армија од ПР-луѓе, менаџери, адвокати за да се одбранам од сите овие напади и притисоци, провалите на моите социјални мрежи, заканите. А, и апсолутно неприфатливите зборови коишто луѓето си ги дозволуваат без разбирање ситуацијата и заборавање достоинството на секој граѓанин на Украина. Не ја сакам оваа виртуелна војна и омраза.“

Алина потоа објаснила дека  со „тешко срце“ ја повлекуваат кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Таа им се заблагодарила на сите кои ја поддржале и кои „не ја озборуваат“. Нејзината песна веднаш беше повлечена од обложувалниците, иако по објавата за сомнителното патување се искачи на второто место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Бугарскиот европратеник Џамбаски со Хитлеровиот поздрав до колегите

Следно

Елмас денеска против Барса, тројца Македонци во плеј-офот на Лига Европа

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian