ВИДЕО | Проф. д-р Вело Марковски плови во музичките води: „Битолчанки горди Македонки“ станува вистински хит

1 min read

Познатиот специјалист по инфектологија, проф. д-р Вело Марковски и неговата сопруга Евгенија Николовска – Марковска неодамна гостуваа во емисијата „Бекстејџ“ каде зборуваа за нивната љубов пропратена со бројните предрасуди од нашето општество.

Нивното ексклузивно интервју, се чини дека го реактуелизираше обидот на 64-годишниот проф. д-р Вело да заплови и во музичките води. На неговиот јутјуб-канал пред помалку од една година се појавија три препработки на стари македонски песни.

ВИДЕО | Вело Марковски и младата сопруга: И покрај предрасудите, ние успеавме

Имено, со помош на аранжманот на Љупчо Соколовски – Бубе, тој ги отепа песните „Битолчанки горди Македонки“, „Темен се облак зададе“ и „Налеј, налеј“.

Иако има помалку од 1.000 следбеници на неговиот јутјуб-канал, познатиот инфектолог со секојнареден ден има се повеќе прегледи на песните.

Најголемо внимание привлече со песната „Битолчанки горди Македонки“ во чиј видео-спот се вметнати фотографии од неговата сопруга Евгенија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Работната недела во Белгија ќе биде 4 дена

Следно

Нови 1.117 случаи на ковид и 22 починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian