ВИДЕО: Наполи ремизираше со Барса, Николов и Шериф ја урнаа Брага

1 min read

Денеска во првиот натпревар од плеј-оф фазата за пласман во осминафиналето на Лига Европа екипите на Барселона и Наполи ремизираа 1:1 на стадионот „Камп Ноу“. Потсетување дека од оваа сезона не важи повеќе правилото „гол на гости“.

После првото полувреме водеа гостите со погодокот Зиелински во 29 минута, а важен придонес во тој погодок имаше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Нашиот играч настапи до 84 минута кога беше заменет од Руи, а претходно во 59 минута каталонскиот гигант израмни преку Торес од пенал.

Реванш средбата помеѓу Наполи и Барселона на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол ќе се игра за седум дена.

Бобан Николов одигра 89 минута во триумфот на молдавскиот Шериф на домашен терен против португалската Брага. Стрелци на головите беа Тили од пенал во 43 минута и Траоре во 83 минута на дуелот во Тираспол.

Лига Европа, Плеј-оф (1/16)

Први натпревари, резултати –

Барселона – Наполи 1:1
Борусија Дортмунд – Ренџерс 2:4
Шериф Тираспол – Брага 2:0
Зенит – Бетис 2:3

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Замина „бомбашот на бонбони“: Почина Гејл С. Халворсен на 101-годишна возраст

Следно

Бугарите треба да влезат во Уставот од практични причини, смета Павле Богоевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian