ВИДЕО: Нѐ чуваат во хотел како во гето, најмногу трпиме од полицијата, велат членовите на Лев Тахор

3 mins read

Членовите на еврејската верска група Лев Тахор, кои од Куманово се префрлија во Скопје поради притисоците, заканите и нападите во Куманово, за ТВ24 велат дека во моментов се држени во хотел „како еден вид на гето, каде што правилата ги носат полицајците“

„Има секакви видови полициски групи, добиваме секакви пораки, наредби, како на пример на улица можеме да излеземе само кога е неопходно, а тоа може да го сторат жените, но не и мажите, велат членовите на групата, кои додаваат дека „имаат притисок од сите страни, но најмногу од полицијата“.

– Не смееме да се среќаваме со надворешни лица, особено не со медиумите и не смееме во хотелот луѓе од медиумите да зборуваат со нас. Исто така, не смееме да шетаме во фоајето и да дозволиме другите луѓе да нѐ гледаат. Можеме само да бидеме во собите и во ресторанскиот дел, но ништо повеќе – сведочат од оваа еврејска верска секта која привлече големо внимание со своето пристигнување во Македонија.

Припадниците на групата велат дека хотелот им е веќе прескап и бараат куќа за да можат да се сместат со семејствата, но сите каде што ќе се јават ги одбиваат со извинување дека не можат да им издадат сместување поради притисоци.

– Каде и да се јавиме да изнајмиме куќа или стан им пристапува полицијата и ги прашува дали се спремни да нè прифатат, им поставуваат секакви услови и поради тоа се откажуваат да нè примат кај нив, што е многу разбирливо, исто како во куќата во Куманово. Секаде околу нас имаше полиција со ротациски светла и нè превезуваа како да сме приведени – вели претставничката на Лев Тахор.

Таа додава дека нормално е дека сопствениците на хотели не сакале да ги примат, затоа што полицијата секаде одела со нив и кога ќе ја виделе полицијата не прифаќале да ги примат, затоа што изгледале како да се приведени.

– Ако треба да нè приведат, тогаш е логично да бидеме приведени. Ако не треба да бидеме приведени, зошто нè држат како да сме приведени? Имаме право да останеме 90 дена во земјата, но полицијата ни кажа дека го имаме тоа право, но под строга контрола. Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола – сведочат од групата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Алиоски во 95 минута му донесе бод на Ал Ахли

Следно

Еврејската група која се наоѓа во Скопје: Не ни даваат да се движиме, нè чуваат во гето, под контрола! (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian