ВИДЕО | Дувњак: Процесните пропусти на скопска Апелација времено го ослободија Панчевски од затвор!

2 mins read

Во конкретниов случај Врховниот суд има целосно право да донесе ваква одлука бидејќи секој има право на сопствена одбрана, секој што ќе побара има право да изнесе свој исказ на јавна расправа што пак на Панчевски не му било овозможено. Затоа, Панчевски излегува од истражниот затвор, појаснува за Утрински брифинг Гордана Дувњак.

-Панчевски имаше правосилна пресуда и пред две недели сам се пријави на издржување на казната. Не знаеме зошто беше вака донесена одлуката на Апелација. Верувам дека тој ова ќе го искористи. Можно е да се работи и за намерно прекршување на процедурата за да дојде токму до ова, вели Дувњак.

Таа појаснуа дека Врховниот суд реагира само во тој дел, односно за повреда на процесното право. Инаку, Панчевски беше осуден за злоупотреба на службената положба и на АКМИС системот.

-Обвинението значи дека дека се иззема системот и на рака се делат предмети на „подобни“ судии. Колку што се сеќавам станува збор за 45 предмети кои не се случајни, дел од нив се предмети на СЈО што остава простор понатаму осудените да мислат дека е донесена монтирана правилна пресуда и дека се жртви на политички прогон, вели Дувњак.

Таа очекува дека сега Апелациониот суд повторно ќе ја донесе истата пресуда, но на јавна седница, каква што е процедурата. Оваа седница на Апелација ќе биде отворена и за новинари и не е исклучена можноста од „драми и театар“, додава Дувњак коментирајќи дека судските процеси против судии се одолговлекуваат.

-Поранешниот претседател Јово Вангеловски беше разрешен, потоа таа одлука ја потврди и судскиот совет и сега е надвор од судството, веројатно е во адвокатурата, вели за Утрински брифинг новинарката и уредник на Фокус, Гордана Дувњак.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако имате дијабетес, еве кога ќе почнат да ви се појавуваат првите симптоми

Следно

„Кога мислевме дека од патлиџан дипломатија не може подолу, власта демантира- именуваа ТВ презентерка и син на провладин аналитичар за конзули“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian