ВИДЕО: Алиоски во 95 минута му донесе бод на Ал Ахли

1 min read

Денеска во рамките од 21 коло во најсилното фудбалско првенство на Саудиска Арабија ремизираа екипите на Ал Ахли и Ал Фејха.

Во првото полувреме домаќините постигнаа гол преку Брадариќ во 40 минута, но истиот беше поништен поради офсајд.

Потоа, во вториот дел Ал Ахли не реализираше пенал во 59 минута, не го реализираше Ал Сомах, казната стигна веднаш во следната минута кога гостите стрелаа за предност благодарение на погодокот на Мадаш.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој го одигра целиот меч во финишот од средбата во 95 минута од пенал му донесе бод на домаќинот. За него ова е вкупно петти гол сезонава.

Кај гостите меѓу резервите беше новото засилување Александар Трајковски, но не доби минутажа.

Ал Ахли се наоѓа на осмото место со 25 бодови, два помалку од седмопласираниот тим на Ал Фејха.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Жена-сирена со неверојатна способност: Научниците не можат да го објаснат овој феномен

Следно

ВИДЕО: Нѐ чуваат во хотел како во гето, најмногу трпиме од полицијата, велат членовите на Лев Тахор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian