По продолжение од пет минути, Реал Бетис забележа триумф на гостински терен против Монбус Обрадоиро со резултат 93:86 во рамките од најсилната лига на Шпанија.
Многу висока енергија во тимот на Реал Бетис донесе новото засилување, македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли од почетокот на февруари.
Во четири одиграни натпревари, составот од Севиља стигна и до третата победа, важни бодови да го избегнат долниот дел на табелата во АЦБ лигата.
Крилото на нашата национална селекција Вајли одигра нешто повеќе од 20 минути во кои реализираше четири поени и еден скок.
По 20 одиграни натпревари, а пред почетокот на „Купот на кралот“, Бетис има скор 6-14, со кој се доближи на само една победа зад Монбус Обрадоиро, Морабанк Андора и Сарагоса (сите со ефект од седум победи).