Уставниот суд на Албанија го отповика гласањето на Парламентот за разрешување на Мета

1 min read

Уставниот суд на Албанија го отповика гласањето на парламентот за разрешување на претседателот Илир Мета поради наводно заговарање насилство и кршење на уставот, пренесува Ројтерс.

Во јуни, околу 104 пратеници во 140-члениот парламент, главно од владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, гласаа за разрешување на Мета, но според законот, Уставниот суд мораше да го има последниот збор.

Социјалистичката партија го обвини Мета за поттикнување насилство со тоа што застана на страната на опозициските партии, тврдејќи пред парламентарните избори во април дека тие ќе бидат наместени.

Едно лице беше убиено во престрелка меѓу приврзаниците на двете главни партии неколку дена пред изборите.

Доцна во средата, судот соопшти дека „уставот не е прекршен“ и дека Мета би можел да го продолжи својот редовен мандат до јули, кога парламентот ќе избере нов претседател.

Мета, поранешен шеф на малото опозициско Социјалистичко движење за интеграција, негираше каква било злоупотреба и ги обвини социјалистите за организирање политичка одмазда.

Улогата на претседателот во Албанија е главно симболична, иако има одредени овластувања над судството и војската.

Мета во политиката влезе во 1999 година, кога на 30-годишна возраст беше избран за премиер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Отворен нов пункт за наплата на ЈП Водовод и канализација во ТЦ Капитол

Следно

Трагедија на свадба во Индија: Жени и деца паднале во бунар, 13 загинати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian