Украле регистарски таблички, па ги монтирале на друго возило

1 min read

На 16.02.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ш.(30), Ф.Б.(36) и Н.И.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 13.02.2022 на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје одзеле регистарски таблички од патничко возило „форд“, сопственост на А.А.(38) од Скопје и ги поставиле на друго возило.

По преземени мерки и при извршен преглед на возило „фолксваген пасат“, кое било пронајдено на ул.„Качанички пат“ било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возилото сопственост на  А.А.. Исто така, било утврдено дека возачот Р.Ш. не поседува документи за возилото „фолксваген пасат“.

Табличките и возилото биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.   

skopjeinfo.mk

Претходно

Пендаровски на Минхенска безбедносна конференција

Следно

Бајден: Моето чувство е дека Русија ќе ја нападне Украина во следните неколку дена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian