Најдобриот ракометар на Европа за 2019 година Петар Ненадиќ (35) одлучи да не настапува повеќе за најдобрата српска репрезентација.
Ненадиќ играше 15 години за националната сениорска репрезентација и на 78 натпревари постигна 213 голови.
Со Србија дојде до трофејот на Медитеранските игри во 2009 година, а во 2012 беше европски вицешампион.
Воедно беше и најдобар српски ракометар за 2016, 2017 и 2020 година, како и најкорисен играч (МВП) на Фајнал-фор турнирот од СЕХА Газпром лигата во 2021.
Клупската кариера ја започна во Црвена звезда, играше уште за Алгесирас, Барселона, Сегедин, Холстебро, Висла Плоцк, Фуксер Берлин, а моментно е член на унгарскиот Веспрем.
– Почитувани фанови и љубители на ракометот, по неколкудневно размислување, со тешко срце, но со мирна глава, донесов одлука да ја завршам репрезентативната кариера. Оваа одлука беше најтешка, но знам дека е и исправна – вели Ненадиќ.