Шумадиски специјалитет: Запечени компири со сланина и кајмак

1 min read

Храната од овој регион на Србија по својот вкус е надалеку позната. Велат дека шумадиската кујна е автентична, бидејќи има најмалку странски влијанија. А, сирењето и кајмакот од овој крај се своевиден бренд.

Затоа, денес ви претставуваме рецепт со сирење и кајмак, кој ќе ги задоволи сите ваши сетила. Ова јадење е за големите гурмани и за оние кои не бројат калории.

Состојки:

– 1 кг компири
– 200 гр сланина
– 200 гр кашкавал
– 5 лажици кајмак
– сол, бибер
– магдонос

Подготовка:

Компирите добро измијте ги пред подготовката, а потоа отстранете го горниот дел од едната страна, па издлабете ја средината.

Зачинете ги по вкус и наредете ги врз плех обложен со хартија за печење, па покријте со алуминиумска фолија.

Ставете ги во рерна претходно загреана на 200 степени и печете околу 45 минути.

За тоа време, исечете ја сланината на помали коцки, а кога ќе ги извадите компирите од рерната, врз секој од нив рамномерно распоредете ја сланината, па ставете по една полна лажичка кајмак.

Вратете ја фолијата, па печете уште 15 минути. Извадете го компирот и врз секој ставете од богато изренданиот кашкавал, посипете со магдоносот и вратете го во рерната за сѐ заедно да се запече уште 20 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден: Моето чувство е дека Русија ќе ја нападне Украина во следните неколку дена

Следно

Дејвис пред мечот со Нексе: Сега сите веруваат повеќе во системот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian