Што прави денеска: Јована Зука, модна фотографка и стилистка

3 mins read

Ја краси висока естетика и истенчен стилски и моден вкус. Јована Зука, една од првите и најпочитувани модни блогерки кај нас, оригинална и урбана млада дама која ги помести границите на македонското блогерско небо и направи вистински бум. Инспирација за многумина, вљубеник во естетиката, стилистка, модна фотографка, маркетинг специјалист… Мултиталентираната Јована поседува вродено естетско сетило што се манифестира (отсликува) на секој нејзин потфат, работа, производ…

Јована Зука/Фото: Приватна архива

А, Јована Зука ни раскажа како изгледа еден нејзин ден.

„Утринската рутина ми е особено важна, па се будам накај 7 часот и полека ги терам ритуалите што ми се предвидени за овој тивок период, а ми помагаат да функционирам подобро. Дисциплинирана сум и секогаш наоѓам време за нега и масажа на лицето, пилатес, како и подготвување еспресо од свежо мелени зрна кафе, процес на кој ептен се навлеков.

Последниве две години, маркетинг агенцијата во која работам функционира на далечина, па накај 8.30-9 часот се вклучувам на работа и се посветувам на сите обврски и виртуелни состаноци што ме чекаат, а секогаш ги има многу. Работењето од дома се покажа како одлична пракса за мене, затоа што сум најпродуктивна кога сум сама, без нешта што ми одвлекуват внимание.

Јована Зука/Фото: Приватна архива

Дополнително, се занимавам со модна фотографија и стајлинг и сум коосновач на веб-страницата за мода и стил, LIFT. Овој ангажман секојдневно одзема уште барем половина работно време, па деновите се многу исполнети, но и многу врзани за седење пред компјутер, работа на уреди, продукција и пост-продукција на фотографии и бирање и средување облека и модни додатоци. Затоа, секојдневно излегувам и пешачам најмалку еден час. Пешачењето освежува, го избиструва умот, ми помага да се ресетирам, а патем секогаш барам и документирам интересни локации за едиторијали.

Поради обврските, ретко излегувам во текот на работната недела, но редовно пуштам (и заспивам со) серии и филмови. Деновиве им се вратив и на игриците, па често заглавувам на PS4. Во меѓувреме ја вклопувам и ноќната рутина за нега на кожа.

Најрелаксирачкиот чекор во оваа рутина ми е 15-минутната светлосна терапија со ЛЕД-маска.
За време на викендите секогаш се посветувам на активности надвор во природа и дружби на сонце со најблиските луѓе, но често и фотосесии, особено во недела, кога градот е најмирен.“

Јована Зука/Фото: Приватна архива

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ангела Меркел во тага – почина личноста која беше до неа секој работен ден (ФОТО)

Следно

Вајли и Реал Бетис запишаа важна победа во шпанското првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian