ПОЧНА ПРИЈАВУВАЊЕТО: Се бираат зет и невеста за Галичка свадба

1 min read

Месната заедница Галичник информира дека започнато е пријавувањето за зет и невеста за Галичката свадба 2022 година.

Оваа година Галичка свадба ќе се одржува од 15 до 17 јули.

Заинтересираните кандидати за зет и невеста за оваа година, најдоцна до 31.03.2022 година треба да достават мотивациско писмо со фотографии на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „За избор на зет и невеста“.

Критериуми за избор кои ќе бидат земени предвид:
-Потекло од Галичник (двајцата или едниот);
-Искуство во учество на Галичка свадба во друга улога;
-Учество во активностите на Месната заеница;
-Ова да им е прв црковен брак.

Одлуката за избор на зет и невеста ќе ја донесе Советот на Месната заедница Галичник и истата ќе биде објавена до 31.05.2022 на веб страната на Галичник и официјалниот ФБ профил на МЗ Галичник.

kurir.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 17 февруари: Потребни ви се практични решенија

Следно

Андоновска: БЕГ е под концесија на владата, што значи одговорноста е кај нив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian