Османи: Нема одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во Њујорк, тоа е шпекулација

1 min read

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во гостувањето во Дневникот на Сител вечерва демантираше дека има одлука за испраќање на Бесмира Ејупи во македонскиот конзулат во Њу Џерси, САД.

-Шпекулации се информациите. Уште вчера портпаролите демантираа. Ние имаме конзул во Њу Џерси, Јордан Панов, и тој има мандат до 2023 година. Не можам да кажам зошто тие нецелосно информации излегоа од затворената седница на Владата, затоа што изнесување информации од таква седница е казниво со закон, рече Османи.

Според него, сите имиња за конзули и дипломати, додека не се добие потврда од земјата каде што се испраќаат, се доверливи и не можат да се објават.

-Нема таков предлог од Владата или МНР за повлекување на актуелниот конзул и именување на нов. Во Службен весник не излезе таква одлука, значи нема никаков предлог, потенцира Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ топло пречекан во Дубаи, едвај чека да се врати на терените

Следно

Османи демантира дека Бесмира Ејупи се испраќа во конзулатот во САД

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian