МНР: Македонија има Генерален конзул во Њујорк и засега не се предвидува негова предвремена замена

1 min read

Министерството за надворешни работи денеска упати реакција по повод вестите бројните објавени нецелосни информации поврзани со испраќањето на дипломати во Дипломатско – конзуларните претставништва.

„Со оглед дека се работи за информации од доверлив карактер, дозволете да информираме дека Република Северна Македонија во моментов има Генерален конзул во Њујорк, Јордан Панев, кој е дипломат од кариера, и кој е избран согласно сите законски прописи“, велат од МНР.

Од таму додаваат дека во моментов тој е на половина од својот мандат и засега не се предвидува негова предвремена замена.

Ваквата реакција на Министерството следува по бурната реакција на јавноста откако медиумите објавија дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи е преложена за нов генерален конзул на Македонија во Њујорк.

kurir.mk

Претходно

Макрон и Петков разговараа за Северна Македонија

Следно

Муцунски: Вложуваме спортот да биде достапен за секое дете во Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian