ЛШ: Кил со „услуга“ за Вардар, Барса рутински против Динамо Букурешт

1 min read

Во рамките од групата „Б“ во 11 коло од ракометната Лига на шампионите составот на Барселона ја оправда фаворитската улога против Динамо Букурешт (30:35).

За каталонскиот гигант ова е шести триумф сезонава, во денешниот триумф најефикасен беше Мем со девет погодоци, а истиот учинок за Романците го имаше Шебиб.

Барселона е на второто место со 14 бодови, два помалку од водечкиот Кјелце, а Динамо Букурешт останува последен на осмата позиција со шест.

Вардар 1961 во групата „А“ во средата важен триумф во борбата за пласман во осминафиналната фаза против Монпелје, а за скопските „црвено-црни“ добра вест е и победата на Кил минимална на гостувањето кај Елверум (30:31).

За бундеслигашот шестпати во листата на стрелците се запиша Норвежанецот Сагосен со шест голови, а за домаќините Швеѓанецт Јохансон стрелаше осумпати.

На табелата Кил е на третото место со 15 бодови, еден помалку од Алборг и Монпелје, на петтото место е Елверум со осум бодови, само еден повеќе од Вардар 1961 на шестата позиција.

Започна продажбата на влезниците за мечевите на Вардар против Загреб и Елверум

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој спорт е идеален за вашиот хороскопски знак?

Следно

Ѓорчев: Овој начин на предлагање на одговорни лица во дипломатијата е несоодветен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian