Кој спорт е идеален за вашиот хороскопски знак?

3 mins read

Наместо да губите време во пробување спортови кои воопшто не ви одговараат, еве ви водич за фитнес хороскоп.

Овен

Овновите се силни карактери со натпреварувачки дух. Тие се авантуристи, храбри, секогаш подготвени на ризик и акција. Во себе кријат доза агресивност, иако во природата им е дадено доста дисциплина. За нив најсоодветен спорт е кикбоксот или било кој сличен боречки спорт.

Бик

Биковите се познати по својата издржливост и упорност, а кога се промени во прашање, тие нема да бараат брзи решенија, и повеќе сакаат постепено да дојдат до посакуваните резултати. Се надеваме дека во вашата биковска колекција имате добар пар патики за трчање, затоа што овој спорт е идеален за вас.

Близнаци

На близнаците брзо им здодеваат работите, а монотонијата ја сметаат за најголема непријателка. За нив е познато дека се добри тимски играчи. Затоа ако бирате спорт, одберете одбојка, кошарка, фудбал или ракомет.

Рак

Раковите не сакаат да се експонираат, а уште помалку сакаат јавна критика. Затоа избегнуваат групни тренинзи или вежбања кои бараат натпревар. Тие преферираат затворени и сигурни вежби во својот дом. Овој хороскопски знак најчесто вежба сам во сала или дома пред YouTube каналите со видеа за вежбање.

Лав

За разлика од раковите, лавот обожава да е во центар на внимание и да се натпреварува. Тој ужива во потрага по авантура и предизвик, па така е и во спортот. Главни карактеристики им се бестрашноста и креативноста. Освен спортови како трчање или кардио, за нив одличен избор е и кросфит тренингот.

Девица

Девицита обожаваат дисциплина, па најдобро ќе се чувствуваат ако се вклучат на испланирани часови кои ги води тренер или инструктор. Пилатес е одличен избор, а за оние со поголеми предизвици, може и приватни тренинзи во теретана.

Вага

За овој хороскопски знак специфично е барањето рамнотежа и потребата за хармонија. Погодувате? Јогата е совршен спорт за нив.

Скорпија

Одважни, тврдоглави и упорни, овие знаци треба да тренираат спортови кои ќе ги носат во нови предизвици и адреналински врвови, а може и да ги воодушеви танц на шипка, банџи џампинг и параглајдерство.

Стрелец

Најмногу сакаат да патуваат и да поминуваат време на свеж воздух. За нив планинарење, скијање и велосипедизам се соодветен избор.

Јарец

Знак со челична волја и насоченост да оствари што подобри резултати, особено ако се работи за спорт со висок интензитет.

Водолија

Овие „социјални пеперутки“ обожаваат да се опкружени со луѓе и не чуди тоа што сакаат и во спортот да шират познанства и нови пријатели. Создадени се за групни тренинзи, танц и аеробик.

Риба

Овие знаци се „зависни“ од вода, па кај нив пливањето е број еден не само спорт, туку и уживање. Доколку им здодее пливањето, секогаш можат да се посветат на јога и таи чи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарите треба да влезат во Уставот од практични причини, смета Павле Богоевски

Следно

ЛШ: Кил со „услуга“ за Вардар, Барса рутински против Динамо Букурешт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian