Инцидент во Косовска Митровица со знаме на ОВК, Србите го оценија како „опасна провокација“

1 min read

Автомобил со знаме на ОВК возел низ улиците на Косовска Митровица, а засега непознати лица кои биле во возилото со камења оштетиле автомобил паркиран во близина на Економскиот факултет, неофицијално дознава Косово онлајн.

Автомобил со знаме на ОВК преку населбата Бошњачка махала влегол северниот дел на Косовска Митровица.

Од друга страна, косовската полиција соопшти дека „нема информации дека е скршено стаклото на автомобилот или дека возилото со знамето на ОВК влегло на северот на Митровица“.

„Патролите излегоа да истражат, но не открија дека е скршено стаклото. Немаме информации дека поминало возило со знаме на ОВК, патролите излегле на повикот дека е скршено стакло, соопшти Косово. заменик командирот на полицијата Бесим Хоти.

Од српската Канцеларија за Косово соопштија дека четири возила со знамиња на ОВК биле забележани во селото Жупче, општина Зубин Поток.

– Овие опасни провокации се случуваат токму на денот кога Приштина ја одбележува годишнината од едностраното и нелегално отцепување и очигледно претставува нов притисок врз Србите, особено на северот на Косово, што е опсесија на Албин Курти и на властите во Приштина, изјавија од српската Канцеларија за Косово.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи демантира дека Бесмира Ејупи се испраќа во конзулатот во САД

Следно

САД со повици до Русија да се повлече од евентуален напад врз Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian