Хокеарките на Канада го освоија олимпиското злато во Пекинг

1 min read

Во големото финале во женска конкуренција репрезентацијата на Канада со 3:2 славеше против САД на турнирот во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Канаѓанките во првата третина водеа со головите на Нурс и Пулин, во вториот период Пулин уште еднаш се запиша во листата на стрелците, а до крајот на средбата Американките, олимписките шампионки од Пјонгчанг, успеаја само да го ублажат поразот преку Најт и Кесел.

Овие две селекции досега шестпати се сретнале во финалните мечеви на ЗОИ, а единствено за олимпиското злато не играа во 2006 година во Торино, кога Шведска во полуфиналето триумфираше над САД.

За Канада ова е петто олимписко злато во хокеј за жени, додека САД остануваат на два златни медали.

Во битката за бронзениот медал репрезентацијата на Финска беше подобар од Швајцарија со 4:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Центарот за естетска дерматологија при „Жан Митрев Клиник“: Последната иновација за рано откривање на рак на кожата

Следно

Макрон и Петков разговараа за Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian