ФОТО+ВИДЕО | Се запали гробот на Шабан Шаулиќ: Семејството во шок

1 min read

За време на поменот по повод три години од смртта на легендарниот фолк музичар Шабан Шаулиќ, се запалил неговиот гроб во Алејата на заслужни граѓани во Белград.

Настанот се случил денес, кога пламенот од свеќите кои ги палеле присутните ги зафатил венците со цвеќе. Како што пренесоа српските медиуми, оганот бил изгаснат за кратко време и не предизвикал значителна штета, но ги потресол и вознемирил сите присутни.

Изненадени и во шок, семејството потресено реагираше, а можете да го погледнете инцидентот и на ова видео:

Шаулиќ го изгуби животот пред три години на денешен ден, во сообраќајна несреќа во Германија. Тој беше присутен на сцената повеќе од 50 години и ја носеше титулата „крал на фолк-музиката“.

Загина на 68-годишна возраст, откако во автомобилот со кој тргнал на аеродром удрило друго возило, управувано од 34-годишен маж, под дејство на алкохол и без возачка дозвола.

Во јануари годинава, возачот Алсин Левент беше осуден на три години и три месеци затвор, поради предизвикување на сообраќајна несреќа во која животот го загубија Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсад Кериќ.

ВИДЕО | Убиецот на Шабан Шаулиќ се криеше зад книга во судницата: Осуден на три години затвор

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поставена нова куќарка за размена на книги во Градскиот парк

Следно

Влезот за Купот е слободен, забрането е да се внесуваат навивачки реквизити

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian