Ферари го претстави новиот болид за следната Ф1 сезона

1 min read

Ферари во четвртокот го претстави својот нов болид Ф1-75 за новата сезона во Формула 1, со кој планира да им биде конкуренција на Мерцедес и Ред Бул во трката за врвот.

И во новата сезона која ќе стартува на 20 март во Бахреин, возачи на Ферари ќе бидат Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Ф1-75 има поинаков профил од неговиот претходник со цел да се усогласи со новите прописи кои стапуваат на сила оваа година.

Доминантна боја на новиот болид и натаму е темно црвената во комбинација со црна, а Ферари го именуваше како Ф1-75 во чест на нивниот прв болид 125 С, кој излезе од фабриката пред 75 години.

– Очекувањата се големи бидејќи ние сме Ферари и од нас секогаш се очекува победа. Но, квалитетите на новиот болид ќе ги дознаеме само на патеката – рече Леклер.

Првите претсезонски тестови се закажани од 23 од 25 ​​февруари во Барселона, Шпанија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се огласи српската полиција: Проверуваме и по 10 дојави дневно за Матеј Периш

Следно

Денес се празнува: Светата маченичка Агатија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian