Бугарите треба да влезат во Уставот од практични причини, смета Павле Богоевски

1 min read

Поранешниот пратеник и граѓански активист, Павле Богоевски, смета дека Бугарите треба да бидат вметнати во нашиот Устав.

-Тоа треба да биде од практични причини, бидејќи со самиот факт ако ги внесеме Бугарите како малцинство и доколку официјална Софија го признае тој чекор, тогаш тие автоматски признаваат дека на територија на Македонија има и друг народ кој што се разликува од Бугарите кои што сме ги дефинирале со Устав, вели Богоевски во емисијата „24 анализа“.

Тој смета дека во наш е интерес е и да се имплементираат пресудите од Европскиот суд за човекови права за македонското малцинство во Бугарија.

-Меѓународната заедница веќе укажува на Бугарија. Моќен е Советот на Европа, но колку е моќна Македонија во Советот на Европа и дали тоа ќе има укажување на подобрување на односот на Македонците во Бугарија. Има различни степени на гласност, смета Богоевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Наполи ремизираше со Барса, Николов и Шериф ја урнаа Брага

Следно

Кој спорт е идеален за вашиот хороскопски знак?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian