Блудниот принц: Кралицата ќе плати дел од отштетата од 12 милиони фунти за педофилската афера на својот син

6 mins read

Британскиот принц Ендру постигна спогодба со Вирџинија Робертс Џуфре, која го тужеше за сексуално злоставување, со што го избегна судењето што требаше да започне на крајот на оваа година. Ендру мора да ѝ плати 12 милиони фунти, а британските медиуми сега се преокупирани со тоа дали и кралицата Елизабета Втора ќе учествува во исплатата на отштетата.

Спогодбата е обид да се повлече линија и да се избегне скандал во годината кога кралицата го слави платинестиот јубилеј, 70 години на тронот. Ендру, сепак, нема да има никаква официјална улога, а можеби нема да присуствува ниту на прославите кои се планирани за јуни.

Британските медиуми јавуваат дека неговата мајка, кралицата Елизабета Втора ќе го плати цехот, иако принцот неодамна го продаде својот замок во Швајцарија за 18 милиони фунти.

Ендру само неколку недели порано рече дека на суд ќе го оспори случајот на Џуфре.

Фото: Профимедиа

Џуфре го тужеше британскиот принц, вториот син на кралицата Елизабета и војводата од Јорк, минатиот август. Во тужбата се наведува дека принцот сексуално ја злоставувал пред повеќе од две децении, кога имала 17 години, и дека починатиот милијардер и педофил Џефри Епштајн ја подведувал на принцот Ендру. Тврди дека принцот ја злоставувал во куќата на поранешната соработничка и девојка на Епштајн, Гислејн Максвел во Лондон и на имотите на Епштајн.

Како што јавува „Дејли мејл“, кралицата е подготвена да ги покрие трошоците за отштетата, и тоа од своите приватни фондови на војводството Ланкастер, чија вредност се проценува на повеќе од 23 милиони фунти. Сепак, тоа ќе биде голем удар за круната.

Во спогодбата нема никакво официјално признание ниту извинување, а во заедничкиот судски акт адвокатите на Ендру, заедно со адвокатите на Вирџинија Џуфре, рекле дека „принцот жали за неговата поврзаност со Епштајн и ја пофалува храброста на г-ѓа Џуфре и другите жртви во нивните напори да заложат за себе и за другите“.

– Принцот Ендру ветува дека ќе го докаже своето жалење поради неговата поврзаност со Епштајн така што ќе ја поддржува борбата против подведување на жртвите на сексуална злоупотреба, а ќе пружи поддршка и на самите жртви, се вели во судскиот поднесок.

Досега принцот Ендру преку својот правен тим тврдеше дека сите обвинувања против него се резултат на алчноста на Вирџинија за пари. Посрамотениот принц, кој бил лишен од многу овластувања, бил притиснат бидејќи оваа голема афера требало да се реши пред јубилејот на кралицата. Па иако од Бакингемската палата порачуваат дека се воодушевени што случајот, сепак, нема да заврши на суд, извори блиски до кралицата велат дека нема шанси принцот Ендру да се врати на некоја од неговите функции.

Со други зборови, кралицата е подготвена да плати сѐ што се бара од Ендру, но таа нема да му прости и ќе го исклучи од општествениот живот на кралското семејство, бидејќи веќе му ги одзеде овластувањата. Изворите го наведуваат кралското семејство, кое наводно се обвинува себеси за ситуацијата бидејќи „лошо го избрало друштвото и носело погрешни одлуки во животот“.

Спогодбата дојде само еден месец откако денес 38-годишната Џуфре изјави дека имала секс со принцот во Лондон во 2001 година.

Адвокатите се задоволни и велат дека Џуфре е исто така задоволна од резултатите од оваа спогодба.

– Ова е крај на случајот. Не можам да зборувам за деталите, но задоволни сме, а парите ќе и бидат исплатени во рок од 30 дена. Добар ден е зад нас – изјави нејзиниот адвокат Давир Бојес.

Упатените потсетуваат дека ова е многу голема работа за принцот Ендру, кој за краток временски период од негирање на сè премина до одлука, сепак, да плати ја отштетата.

Но, тука е и прашањето за судските трошоци, а иако адвокатот Бојес досега изјави дека работи про боно, можно е, сепак, да побара од Палатата да ги покрие неговите трошоци, кои би можеле да бидат во милионски.

Она што е сигурно е дека принцот Ендру нема да биде на прославата на јубилејот на кралицата, ниту на некој од настаните во нејзина чест.

Може да се каже, кралицата ќе плати, но нема да прости.

Ендру не ужива голема почит на дворот, велат изворите, а другите членови на кралското семејство немаат многу симпатии кон него. Минатиот месец кралицата му ги одзеде сите воени почести и му забрани да користи кралски титули во која било официјална пригода.

Сепак, тој е син на кралицата. Во трите години откако Џуфре ја фрли својата правна „бомба“, кралицата со своите постапки јасно стави до знаење дека го поддржува својот син. Ендру беше поканет во Балморал. Кралицата му дозволи да игра истакната улога во оддавањето јавна почит на војводата од Единбург по неговата смрт минатиот април. Таа и Ендру заедно јаваа.

Сепак, Ендру ќе биде „засекогаш извалкан“, изјави Џо Литл, уредник на магазинот „Maџести“.

Принцот Ендру се спаси: Се спогоди и нема да одговара за сексуална злоупотреба

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Таткото доби порака која му буди надеж дека Матеј Периш е жив, полицијата проверува

Следно

Лига Европа: Елмас од првата минута ќе игра на „Камп Ноу“ против Барса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian