Ако имате дијабетес, еве кога ќе почнат да ви се појавуваат првите симптоми

5 mins read

Во моментов во светот доминира прашањето за ковид-19 и појавата на рак, а оваа голема криза во здравјето бара да бидеме свесни за тоа, бидејќи превенцијата и раното откривање на болестите може во голема мера да ги намали шансите за да дојде до негативни последици. Но, не стивнува уште една епидемија која е подеднакво опасна, а тоа е појавата на дијабетес. Денес, милиони луѓе имаат дијабетес, а повеќето од нив остануваат недијагностицирани. Сите веќе знаеме колку е опасна оваа состојба.

Кога ќе почнете да ги чувствувате симптомите?

Тип 1 обично се дијагностицира во младоста и се развива брзо со забележливи симптоми, кои се појавуваат во рок од две недели. Дијабетесот тип 2 е под директно влијание на начинот на живот и исхраната. Симптомите може да се развиваат долго и може лесно да поминат незабележани.
„Понекогаш потребни се неколку години за да се развијат симптомите и тешко се забележуваат, а некои луѓе нема да забележат ниту еден. Обично се развива во возрасната доба, иако се чини дека го имаат сѐ повеќе деца и млади луѓе“, велат од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Дури и средниот облик може да биде многу опасен

„Високиот шеќер во крвта може да помине незабележано и без никакви јасни симптоми, дури и само мал пораст на шеќерот во крвта може да ги оштети нервите, бубрезите и мрежницата на окото. Колку подолго останувате без помош, толку поголема штета може да настане“, стои на страниците на клиниката „Кливленд“. Неколку симптоми кои рано се појавуваат и на нив треба да се внимава се следниве:

Често уринирање

Дијабетесот често ќе се манифестира и така што ќе мора да одите во тоалет многу почесто од вообичаено и веројатно ќе се будите среде ноќ неколкупати. Тоа е последица на зголемувањето на шеќерот во организмот, од кој се обидува да се ослободи преку мокрење. Урината може да биде матна и да има мирис на овошје.

Зголемена жед

Честото уринирање ќе предизвика чувство на дехидратација, уште еден ран симптом на дијабетес, а пациентите често сакаат да ја згаснат желбата со овошни сокови или чоколадно млеко, што е најлошиот избор за дијабетес. Ваквите пијалaци ќе го наполнат организмот со шеќер и само ќе го влошат проблемот. Ако пиете повеќе од вообичаено и никогаш не ви е доста, тоа е добра причина да одите на лекар.

Зголемено чувство на глад или губење на килограмите

Дијабетесот може истовремено да го зголеми нивото на гликоза во телото, но и да ги блокира клетките кои треба да ја користат како енергија. Затоа може да чувствувате постојан глад затоа што мускулите се оставени без енергија и телото може да го согорува складираното масно тикво за енергија, поради што ќе ги губите килограмите без да се трудите.

Трнење во рацете и нозете

Компликациите може да се појават долго пред да сфатите дека имате дијабетес, а една од нив е оштетување на нервите, што може да предизвика вкочанетост или пецкање во нозете, а таа состојба се нарекува дијабетска невропатија. Иако може да „нападне“ каде било, истражувањата откриваат дека кај 50 отсто од пациентите штетата настанува токму на нозете и стапалата. Може да почувствувате трнење, пецкање или вкочанетост, како и посилна чувствителност на температурата на воздухот, а може да ви се појават и грчеви.

Заматен вид

Ако го забележите овој симптом, кој се нарекува дијабетска ретинопатија, треба да разговарате со лекар. Бидејќи дијабетесот може да предизвика пропустливост на крвните садови во мрежницата, тоа може да доведе до овој симптом. Според клиниката „Џон Хопкинс“, тоа е водечка причина за слепило кај возрасните Американци.

Повеќе сте склони кон воспаленија на мочниот меур и на габични заболувања

Високото ниво на шеќер во урината и вагината може да стане плодна почва за размножување на бактерии и габички кои предизвикуваат инфекции. Според истражувањата, луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2 имаат поголема веројатност да страдаат од инфекции на мочниот меур и дека тие често ќе се повторуваат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Состанок на министрите за финансии на Г-20

Следно

ВИДЕО | Дувњак: Процесните пропусти на скопска Апелација времено го ослободија Панчевски од затвор!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian