ЗОИ Пекинг: Златните медали за Норвешка и Германија на спринт трките во крос-кантри

2 mins read

Машката штафета на Норвешка и женската на Германија се освојувачи на златните медали на спринт трките во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Во машка конкуренција, Норвежаните ја оправдаа фаворитската улога и го одбранија златото освоено пред четири години во Пјонгчанг. Норвежаните предводени од Јоханес Клебо и Ерик Валнес кој дојде до второто злато во Пекинг, триумфираа со време од 19:22.99 минути пред Финците Иво Нисканен и Јони Маки кои задоцнија 2.46 секунди.

На последното место на победничкиот подиум се искачија Русите Александар Болшунов и Алекнсадар Тарентев кои задоцнија 4.29 секунди зад Норвежаните.
Во женска конкуренција, штафетата на Германија приреди изненадување и го освои златниот медал. Катарина Хенинг и Викторија Карл трката ја завршија во време од 22:09.85 минути ѝ и го донесоа првиот златен медал на Германија во оваа дисциплина по 12 години.

На второто место заврши Шведска за која настапија Маја Дахквист и Јона Сундлинг кои задоцнија само 0.17 секунди, додека штафетата на Русија (Јулија Ступак и Наталија Непријаева) заврши како третопласирана со 0.71 секунди заостаток.

Во машка конкуренција до златото стигнаа првите фаворити, Норвежаните. Ерик Валнес и Јоханес Хосфлот Клебо до златото стигнаа со вкупно време од 19:22.9 минути, што беше за 2.5 секунди подобро од сребрените Финци (Иво Нисканен и Јони Маки). Со бронзениот медал се закити руската штафета во состав Александер Болшунов и Александер Терењтев со заостанување од 4.29 секунди зад победниците.

Кај дамите сензационално до златниот медал стигнаа Германките. Тандемот Катарина Хенинг и Викторија Карл до златото стигна со време од 22:09.85 минути. Првите фаворитки и освојувачки на злато и сребро во индивидуалниот спринт Маја Далквист и Јона Сундлинг на крај мораа да се задоволат само со второто место доцнејќи 17 стотинки зад времето на победничката. Бронзата им припадна на Русинките, Јулија Ступак и Наталија Непријаева кои доцнеа 71 стотинка зад златните Германки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крај на љубовта: Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Куљиќ се разделија по пет години

Следно

Советот на амбасадори за руско-украинскиот конфликт: Има тренд на попуштање, само да не е привремен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian