ЗОИ Пекинг: Ноел и донесе злато на Франција во слалом по 20 години

1 min read

Клеман Ноел е нов олимписки шампион во слалом. Ноел со триумфот во Пекинг го прекина 20-годишниот пост на Французите кои последен пат ги израдува Зан Пјер Видал на Игрите во Солт Лејк сити.

Ноел по првата трка беше шести со време од 54.30 секунди, но затоа извозе перфектно во втората со време од 49.79 секунди и на крајот со вкупно време од 1:44.09 минути го освои златниот медал.

Сребрениот медал го освои Јоханес Штролц од Австрија кој имаше време 1:44.70 минути, додека бронзата замина на градите на Себастијан Фос-Солеваг од Норвешка кој задоцни 70 стотинки зад олимпискиот шампион.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Џанлука Ваки пронајде нова смисла во животот откако стана татко: Вљубен до уши во своето семејство

Следно

Османи-Викерс: Обединетото Кралство е втор најголем економски партнер и главен странски инвеститор на државава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian