ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии

1 min read

Во ВМРО-ДПМНЕ има нова генерација, а Ковачевски остана пиун на Заев, денес гласаа против повисоки плати и пензии, реагираат од опозициската партија.

-СДСМ да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за повисоки плати во јавниот сектор и пензии. ВМРО-ДПМНЕ предлага покачување на пензиите за 20%, со тоа пензионерите ќе се заштитат од економскиот удар и покачените цени. Ковачевски бега од Декларацијата за Гоце Делчев, СДСМ ги минира македонските црвени линии со тоа што не се откажува од заевизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата му порачува на Ковачевски да не бега и да ја прифати Декларацијата за Гоце Делчев.

-Доколку Ковачевски стои зад македонските црвени линии, нема причина зошто да бега од Декларацијата. Тоа што Ковачевски бега од Декларацијата покажува дека тој не е сигурен во себе, и во тоа што преговара. Ковачевски не смее да се обврзе за заштита на Делчев, и тоа индицира дека тој работи на штета на интересите на државата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е СДСМ и Ковачевски да дојдат со народот, наместо да стојат наспроти него. ВМРО-ДПМНЕ подава рака за национално обединување кога се во прашање државните и национални интереси и нивна заштита“ – се вели во партиското соопштение.

kurir.mk

Претходно

Марфи: Бугарија не смее да застане на патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ

Следно

Средба Мицотакис-Вучиќ: Атина сака да ги види сите главни градови на Западен Балкан во ЕУ, особено Белград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian