ВМРО-ДПМНЕ: 1090 проекти за само 100 дена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека општините каде се СДСМ и ДУИ немаат ниту еден отчет, зошто се без проекти

1 min read

1090 проекти за само 100 дена од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека општините каде се СДСМ и ДУИ немаат ниту еден отчет, зошто се без проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека за 100 дена градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години.

-Во Битола се завршува реконструкцијата на стадионот, што беше почната во време на ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ цел мандат не можеше да го доврши. Охрид добива нов булевар, и реконструирани улици. Во руралниот дел од Гази Баба и Драчево во Кисела Вода се прави нова фекална канализација. Низ сите општини се уредуваат зелените површини и се чистат дивите депонии. Во општина Аеродром, сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, а фотоволтаици добија и некои основни училишта, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека основно училиште се гради во Илинден, а градинки во повеќе општини.

-Низ цела Македонија градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ работат да го реализираат ветеното. Проектите се видливи, промените на подобро се чувствуваат, стои во соопштението на партијата.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Безвременскиот хит на Чак Бери доби кавадаречка верзија – „Џоле бре Гол“

Следно

МВР уапси скопјанец баран со централна потерница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian