ВИДЕО: Ливерпул за 90 минути два пати шутна и му даде два гола на Интер, Баерн во финишот се спаси од пораз

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул славеа со 0:2 на гостувањето кај Интер во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите и направија голем исчекор кон пласман во наредната рунда.

Ливерпул беше подобар противник во првото полувреме, додека Интер беше во второто полувреме и имаше подобри шанси, но двата шута на „црвените“во рамките на голот завршија во мрежата на Хандановиќ.

Прво Роберто Фирмињо во во 75 минута беше највисокот во скокот по корнерот што го изведе Робертсон, и со шут со глава го совлада Хандановиќ за водство на Ливерпул.

Вториот гол го постигна Мохамед Салах во 83 минута за голема победа на англискиот тим кој направи голем исчекор кон четвртфиналето во ЛШ.

Фудбалерите на Баерн Минхен со гол во 89 минута се спасија од пораз на гостувањето кај Салцбург. Австрискиот шампион 89 минути одлично му парираше на германскиот првак, имаше поконкретни шанси и во 21 минута поведе со голот на Адаму по одличната акција на домашните фудбалери.
Сепак, Баерн во последните моменти од натпреварот се спаси од пораз благодарение на голот на Кингсли Коман.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагичниот крај на Маргита Стефановиќ: Беше рок-принцеза во Југославија, а умре како бескуќница

Следно

Бугарскиот европратеник со нацистички поздрав го напушти Европскиот парламент

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian