ВИДЕО | Кети Грифин го победи ракот: Комичарката прослави угол гола во базен!

2 mins read

Актерката и комичарка Кети Грифин објави видео на кое плива гола во базен и на тој начин сподели радосна вест со своите следбеници.

Кети Грифин во емотивна објава откри дека има рак: Да, имам рак на белите дробови иако никогаш не сум пушела

61-годишната Грифин не ја криеше среќата поради добрите резултати од последниот преглед на кој дознала дека и по шест месеци ракот не се вратил.

„Шестмесечниот преглед за рак на белите дробови е чист! Нема повеќе рак. И да, пливав гола во базен тресејќи ги градите и задникот. Па што?“, напиша таа во описот на видеото кое го сподели на својот твитер-профил.

Грифин првпат објави дека нејзиниот рак е во ремисија во декември за време на нејзиното гостување во шоуто на Џими Кимел. На актерката ѝ беа отстранети половина од белите дробови.

Веста дека ѝ е отстранет туморот првпат ја сподели на „Твитер“ ден по операцијата за да им открие на своите обожаватели како напредува закрепнувањето.

„Операцијата вчера помина добро“, сподели тогаш, а подоцна додаде дека операцијата влијаела и на нејзиниот глас.

Грифин првпат ја откри својата дијагноза во август 2021 година, кога на „Твитер“ напиша дека има рак на белите дробови и дека лекарите се оптимисти за исходот со оглед на тоа што таа е само во првата фаза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ајкула проголта човек, шокирани рибари го снимаат

Следно

Вардарци ги продолжуваат настапите во ЛШ, без Ристовски и Гаџа против Монпелје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian