ВИДЕО | Д-р Митов: Спиењето и добриот сон се потценети во улогата на подобрување на здравјето 

2 mins read

За жал, се чини дека спиењето и добриот сон во улогата на подобрување на здравјето е потценето. Кратењето на сонот има сериозни последици врз здравјето. Тое се и краткорочни и долгорочни последици. Подолгорочните последици се поврзуваат со намалување на имунитетот, деменција и многу други состојби, објаснува за Утрински брифинг, д-р Александар Митов.

-Се испостави дека токму неспиењето е во врвот на факторите за деменција. Научните студии неспиењето со деменцијата го поврзуваат во позрела возраст четириесетите и педесетите години. Кај нас многумина успеваат да се издресираат себеси и да се навикнат на малку сон. Но, она што всушност се случило е дааа одат подоцна да спијат и наутро ги буди аларм, и бидејќи телото подолг временски интервал е изложено на ваква состојба се добива впечаток дека навистина сме наспани но не е така, вели тој.

Во однос на имунитетот има повеќе истражување станува збор на врската на имунитетот со хормонот за спиење – мелатонинот. Тој почнува да расте кога ќе ја снема денската светлина, но морам да напоменам дека и мобилните телефони зрачат таква светлина а тоа прави забуна во организмот, вели д-р Митов.

Првото наједноставно појаснување за поврзаноста на неспиењето со дебелината е тоа што подолго време сме будни а тоа ќе значи и дека повеќе ќе јадеме но има врска и со лачењето на хормоните односно дисбаланс кој пак ни прави чувство на глад, вели за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Болките на овие две места на телото се знак дека сте заразени со омикрон

Следно

Драма во Струмица среде улица: Граѓани крадат алишта од полициско возило (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian